Вето за Грција

Se povikuvaat site gragјani na Makedonija, vo znak na protest za grckata bezobraznost, da ne pomisluvaat da odat vo Grcija se dodeka Grcija ne ja priznae Republika Makedonija pod ustavnoto ime.


Se povikuvaat site makedonci, da gi odlozat site planirani turisticki aktivnosti na teritorija na Grcija.


Se povikuvaat site makedonci, da ne kupuvaat grcki proizvodi.


Se povikuvaat site makedonci, da ne trguvaat so grcki proizvodi.


Se povikuvaat site makedonci, da ne gledaat sportski natprevari koga nastapuvaat grcki timovi.


Se povikuvaat site turisticki agencii da ne nudat turisticki aranzmani vo Grcija.


Kako rezultat na gore realiziranoto Grcija ke dobie makedonsko veto vo iznos od okolu 500 000 000 evra, godisno,i ke bide mnogu pokonstruktivna vo eventualnite pregovori.

Se dodeka lelekame po svetot a trosime kaj niv ke bideme FIROM.


ZA MAKEDONIJA VREDI DA SE BORI!!!!

8 април 2008 година, Лондон, Велика Британија - Асоцијацијата на Македонците во Велика Британија испрати протестно писмо до Кабинетот на британскиот премиер Гордон Браун, до министерот за надворешни работи, Дејвид Милибанд, до лидерот на опозициската Конзервативна партија, Дејвид Камерон, како и до истакнати пратеници и функционери на главните политички партии во земјата и до лондонските редакции и до угледни британски новинари, реагирајќи на решението на последниот Самит на НАТО Македонија да не биде поканета за членство во Алијансата поради ветото на Грција.
Во писмото се изразува разочарување поради тоа што британската влада не го поддржала македонското членство на Самитот во Букурешт.
8 април 2008 година, Женева, Швајцарија - Во организација на македонските заедници, друштва и црковни општини во Швајцарија и Светскиот Македонски Конгрес, на 20 април (недела) годинава пред зградата на Обединетите Нации во Женева, Швајцарија, ќе се одржат мирни демонстрации за одбрана на името и осуда на грчкиот геноцид врз македонскиот народ.
Македонците во Швајцарија ги осудуваат грчкото вето и притисокот што грчката влада го врши врз Македонија за промена на државното име, - се вели во јавниот повик од организациониот одбор за мирните демонстрации пред зградата на ООН во Женева.
- Ги повикуваме Македонците од цела Европа пред Обединетите Нации, единствени, да побараме Светската организација да се ослободи од заложништвото на грчкиот наци-фашизам и да го спречи грчкиот геноцид врз македонскиот народ, - изјави претседателот на организациониот одбор за мирните демонстрации, Хари Сековски.
29 март 2008 година, Скопје, Македонија - Неколку стотини Македонци кои живеат и работат во Република Австрија со бројни знамиња со семакедонското шеснаесет-зрачно златно-жолто сонце, во организација на Светскиот Македонски Конгрес, денес организираа мирни протести во Виена за одбрана на името Македонија и осуда на грчкиот геноцид врз македонскиот народ. Маршот тргна од пред Амбасадата на Македонија во Виена, продолжи до Грчката амбасада и заврши на плоштадот во центарот на градот пред Австрискиот Парламент, каде што учесниците на мирниот протест запалија свеќи во знак на помен за жртвите на грчкиот геноцид врз македонскиот народ.
Забележително беше присуството на австриската полиција пред грчката амбасада од која никој не излезе да ги прими Декларацијата за одбрана на името Македонија и Меморандумот за грчкиот геноцид врз македонскиот народ на македонски и германски јазик.
Маршот на Македонците го следеа илјадници австријци и туристи на централниот плоштад во Виена, а од настанот информации пренесоа бројни австриски телевизиски и новински агенции.
24 март 2008 година, Пустец, Мала Преспа, Албанија - Во организација на Македонската алијанса за европска интеграција, околу илјада Македонци од сите делови на Албанија, од Билишта, Корча, Елбасан, Тирана, Голо Брдо и Кукс од Северна Албанија, денес во Пустец одржаа мирен собир за одбрана на името Македонија, во пресрет на самитот на НАТО во Букурешт, на којшто македонската пријава за членство од Атина е дочекана со грчко вето доколку Македонија не го промени своето државно име. И покрај лошото невреме кое ја зафати Мала Преса, Македонците непоколебливо, единствено и безрезервно изразија поддршка на името Македонија како светост од искон до вечноста.
Присутните Македонци од народниот собор упатија посебна декларација во која се вели дека Македонците во Албанија даваат целосна поддршка за одбрана на името Македонија, имајќи предвид дека името Македонија им припаѓа на сите Македонци од сите делови на Македонија во целиот свет.
Македонците во Албанија го прифаќаат членството на Македонија во Европската Унија и НАТО под нејзиното историско име Македонија.
Македонците во Албанија нема никогаш да прифатат промена на името Македонија, бидејќи тоа посегнува по идентитетот на македонскиот народ во целина.
Македонците во Албанија им дават целосна поддршка на своите браќа Македонците во Пиринска и Егејска Македонија во остварувањето на нивните човекови и граѓански права и слободи во Бугарија и Грција.
- Таму каде што е најчиста Македонија, таму срцето за неа чука најсилно. Го прошетав цел свет, но најсреќен сум меѓу Вас Македонците во Албанија, затоа што искрена Ви е љубовта за Македонија, - истакна претседателот на СМК, Тодор Петров.
Народниот собор заврши со македонски народни песни и ора, а од Македонија народната веселба ја исполнија песните на Круме Спасевски и стиховите на Симеон Иванов Канго.