Helikopterska nesreka blizu Katlanovo

- Ваква трагична загуба на припадници на своите безбедносни сили, Република Македонија не памети и нема доживеано во својата понова историја. Во еден ден, во еден единствен момент, единаесет припадници на АРМ ги загубија своите животи во трагичната хелокоптерска несреќа во близината на скопскиот аеродром. Несреќата е дотолку поголема ако се знае дека се работи за млади војници и старешини кои требаше да се вратат дома, во своите семејства, по успешно завршената мисија во Босна и Херцеговина.Тие луѓе, не беа случајно избрани да ја претставуваат Република Македонија во меѓународна мисија во друга држава каде што извршуваа крајно одговорни задачи. Стануваше збор за војници и старешини до крај посветени на својата професија, врвни професионалци кои достојно ја претставуваа Република Македонија во мисијата Алтеа во Босна и Херцеговина, заедно со воени контингенти од десетина други држави од Европа и светот. Само најдобрите во Армијата ја имаат честа да бидат дел од меѓународните мисии во различни делови во светот, каде што нашата држава придонесува за мирот и безбедноста.
Во хеликоптерската несреќа близу Катланово во саботата загинаа потполковник Спасовски Тони, роден 1967 година во Куманово, командир на транспортен хеликоптерски ескадрон во воздухопловниот ВИНГ, мајор Ристовски Горан, роден 1969 година во Скопје, началник во А2 разузнавање и безбедност во штаб во воздухопловниот ВИНГ, капетан Спасовски Бране роден 1972 година во Куманово, командир на прв летачки флајт, во борбен хеликоптерски ескадрон во воздухопловниот ВИНГ, капетан Ѓорески Игор, роден 1976 година во Струмица, пилот во втор летачки флајт, во транспортен хеликоптерски ескадрон во воздухопловниот ВИНГ, заставник Василев Славчо, роден 1971 година во Струмица, подофицер за безбедност за летање во воздухопловнииот ВИНГ, заставник Тони Давитковски, роден 1969 во Пробиштип, технички оператор во флајт за одржување и опслужување, во хеликоптерски ескадрон во воздухопловниот ВИНГ, постар водник Јанко Шириќ, роден 1972 во Завидовиќи, БиХ, технички оператор во 1 секција во трет воздухопловно технички флајт во хеликоптерски ескадрон во воздухоплчовниот ВИНГ, постар водник АлександарТасковски, роден 1980 во Скопје, техничар за иструменти, радио и електронска и вооружување, постар водник Мики Ивановски, роден 1972 година во Куманово, техничар за радио-радар во трета секција за радио радар во втор флајт за инструменти за радио и електронска и вооружување во ексардон за воздухопловно техничко обезбедување во воздухопловниот ВИНГ, постар водник Васиќ Алексадар Васиќ, роден 1980 година во Скопје, техничар за фото опрема и објективна контрола за летање, во 1 секција за поддршка во 4 флајт за поддршка во ескадрон за воздухопловно техничко обезбедање во воздухопловникот ВИНГ и десетар Златко Вељановски, роден 1981 година во Скопје, помошен техничар за ХМС во 1 секција за ХМС во 3 воздухопловен флајт во хеликоптерски транспортен ескадрон во воздухопловниот ВИНГ.
...Тони Спасовски - полн со енергија и со визија за животот, школуван на најелитните школи во САД, Горан Ристовски - темелен во работата и пожртвуван за секого, Бране Спасовски - со борбен дух и човечки вредности, Игор Ѓоревски - посветен спортист и ракометар, дугар и пријател со посебен дух, Славчо Василев - најискусен технички оператор и поборник за почитување на процедурите за безбедност на летањето, Тони Давитковски - остриумно-ведар човек, подготвен за разговор и споделување на визиите и напредокот, фудбалер, спортист, судија, Јанко Шириќ - кого животната судбина и брачниот живот го доведе Македонија и живееше за својата работа, мајстор за сите занаети, Мики Ивановски - познат по својот кумановски хумор, со високи морални квалитети, педантен во работата, внимателен кон сите и брз во решавање на проблемите во својата специјалност, Александар Тасковски - сериозен и со желба за сознавање на водзухопловните вештини, Александар Васиќ - енергичен човек и одличен пријател и Златко Вељановски, најмладиот, - кој со огромна волја се врати во живот по добиените рани во конфликтот во 2001 на браникот на Република Македонија...
...Единаесет херои, посветени припадници не само на Армијата на Република Македонија, туку и луѓе со највисоки вредности на човечност, професионализам, посветеност, пожртвуваност, скромност и патриотизам... Секој човечки живот е од непроценлива вредност. Но, кога губите дел од најсилниот, најздравиот и најподготвениот дел од својата структура, тогаш болката е уште поголема...учесници во мировните мисии најскапоцени камен, тагата е уште поголема затоа што војниците биле на пет минути до дома по шестмесечната завршена мисија...Едно е да ја сакате и браните Македонија од дома, а сосема различно е надвор, онаму каде што не признава и вреднува светот во мировните мисии...Своите животи ги положија за цивилизациските придобивки на регионот како дел од евроатлантското семејство...Делото на овие млади луѓе ќе биде запаметено во поновата историја на РМ и АРМ бидејќи со својата несебична посветеност и ангажираност во мировната мисија заедно со останатите припадници на АРМ во другите мисии не беа само мисионери, туку и достојни амбасдадори на РМ.

Нема коментари: