Музичката приказна на Тоше Проески започнува со двете победи на фестивалот кој ги открива младите надежи во Македонија, „Мелфест“ 1996 и 1997. По настапот на двата најреномирани фестивали, „Макфест“ 1997 (со композицијата „Пушти ме“) и „Скопје“ 1998 (со „Остани до крај“), неговиот успех е како лавина! Никој не може да го сопре! Тоа го потврдува и многуте награди на фестивалите.Во Македонија освојува бројни награди за албумите „Некаде во ноќта“ и „Божји син“, а според гласовите на читателите на „Вечер“ е прогласен за ТВ лице за 2001. По извонредно успешната серија од пет концерти во „Униврзалната сала“ во Скопје, во октомври 2001 го наполни и престижниот „Сава Центар“ во Белград!Тоше Проески соработува со дел од најдобрите македонски композитори (Грогор Копров, Кире Костов, Кристијан Габроски, Хари Котларовски, Горан Милошевски) и текстописци (Огнен Неделковски, Миодраг Врчаковски и други). На третиот албум „Ако ме погледнеш во очи“ соработува со познатиот грчки композитор Phoebus (Фибос), додека како автор на стиховите се јавува Марина Туцаковиќ. Соработува и со познатиот ДЈ Каан, турската група „Харем“ се гости на две песни, а продуцент на албумот е Манолис Влахос. Тоше Проески направи блескава музичка кариера, молскавично ги освои топ листите со своите хитови, лесно ги полни концертните сали и најважно од се, царува во срцата на илјадници негови обожаватели.

Нема коментари: