VICEVI - O Makedonca


Мајк Тајсон влегува во рингот. Против него требало да се бори некој силен боксер, но во последен момент се откажал. За да не пропадне шоуто почнале да прашуваат дали има некој доброволец да се пријави
Кажале дека ќе заработи многу пари. Се пријавил еден Македонец земјоделец. Влегол во рингот и судијата му рекол:
- Ако издржиш една рунда ќе добиеш 500.000 долари.
Земјоделецот се согласил, Мајк Tајсон мавал, но овој издржал до крај на рундата.
Потоа му рекле:
- Ако ја издржиш и втората рунда ќе добиеш милион долари.
Ја издржал и втората, а потоа му понудиле:
- Ако ја издржиш и третата рунда ќе добиеш 3 милиони долари. На тоа Македонецот рекол:
- Не можам да издржам повеќе, сега ќе му ги скршам забите.

*********************
Работел некој фризер во некој град во САД. Еден ден кај него дошол некој цвеќар да се потстрижува, кога фризерот го пострижил, цвеќарот го прашал колку треба да плати. Фризерот му одговорил дека тој работи од хоби и дека не може да му земе пари...
Цвеќарот заминал сиот среќен.
Утредента кога фризерот дошол на работа на прагот нашол прекрасен букет цвеќе.

Другиот ден кај фризерот дошол еден пекар, откако го пострижиле тој прашал колку треба да плати, a фризерот одговорил дека работи од хоби и не сака пари.
И пекарот заминал среќен.
Утредента фризерот на прагот нашол прекрасна торта.

Третиот ден доаѓа во фризерницата еден Македонец, откако го пострижиле и тој прашал колку треба да плати, фризерот повторно одговорил дека работи од хоби и дека не треба да плаќа.
Македонецот сиот среќен заминува.
Утредента што нашол фризерот пред неговата врата...?

Што ???
Имате ли идеја...
Размислувајте како Македонец...


Нашол 20 Македонци кои чекале ред за да се пострижат!


*********************

Како да препознаете Македонец на плажа
Ако сте летувале во место каде одат голем број македонци сигурно ќе препознаете барем некој од нашите туристи во овој опис.

Како се однесува македонец на плажа:

1. Стани во 4 сабајле и оптегни пешкирите за да зафатиш 6 лежалки задолжително во прв ред - 2 на сонце, 2 на сенка и 2 за секој случај. После врати се во кревет и спиј до 12 на пладне.

2. На просечен Македонец му требаат 8 квадрати на плажа - 5 за пешкирот и 3 за апостолките.

3. Ќе си понесеш лап топ, ајпод, блекбери, камера и задолжителен апарат. Треба ли да ставиш слика на Фејсбук за сите да знаат кај си. Нормално дека треба.

4. Ако немаш сунцобран, намести се така што сунцобранот на комшиите да те покрива тебе после ручек. Не си ти крив што не испланирале. И нормално, ако планираат да го поместуваат, да – треба да почнеш да ццкаш и да префрлаш индиректно.

5. За деца до 12 години нема потреба да се инвестира во купачи. Деца се.

6. Децата најдобро се повикуваат да излезат од вода од 200-250 метри, со јака децибелажа.

7. Ако не излезат, најдобро е тука на лице место да ги истепаш. Да се види кој е вистински родител.

8. Задолжително купете од крофните што ги шитка крофнарот и ги допекува на сонце цел ден. Освен крофна без лубеница на плажа не се може, а корите да се остават покрај кантата. И праските исто. Да не се мачат осите да влегуваат во кантата.

9. Цигарите најубаво се гасат збрцани во песок. Со кармин на пикавецот, да се знае која е госпоѓа на плажа.

10. Свекрвата најубаво се оговара на плажа и тоа со новата пријателка од Србија која лежи 5 лежалки подалку од твојата.

11. Ако не ти е сменета постелнината наутро, на рецепција се правиш пуздер! Зашто дома секој ден ја менуваш.

12. Пивнуваш пиво, одиш на пливање и после зимаш ново, ладно. Затоа е ол -инклузив!

13. Кога ручаш, децата треба да трчаат наоколу по другите маси и хистерично да се дерат. После да заспијат поубаво.

14. Ако ти заѕвони мобилен, викај погласно, зашто те бараат дури од Македонија па не се слуша. Обавезно раскажи кај сте, што праите, колку ви е јако.

15. Купачите најубаво се сушат опнати на сунцобранот горе.

16. Шведската маса е за да земеш од се и најдобро во иста чинија- кој вика дека не идат риба и баклава?

17. Не си бил на море ако не купиш оригинална Луј Вутон ташна на плажа.

18. Кога цел хотел ќе си легне, излегуваш на балкон и играш јамб или табла со пластични коцки до 4 сабајле. Пред да легнеш, одиш и ги местиш пешкирите за утре.

Нема коментари: